Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инцидент во Чашка- нападнати новинарот Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски

/

Македонија

Сподели преку :

Новинарот Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски од телевизијата Алсат пристигнале пред Општината Чашка, а некои од присутните што протестираат им забраниле пристап и влез во Општината и почнале вербално да ги напаѓаат, притоа се обиделе и физички да ја тргнат камерата, како што се гледа и од видеото објавено на официјалната фејсбук страница на ТВ Алсат.

Според кажувањето на колегата Тахири, по завршувањето на инцидентот, тие повторно се обиделе да влезат во Општината со цел да земат изјава од градоначалникот, но уште еднаш биле спречени во тоа, овој пат од чуварот во Општината.

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници бара објаснување од страна на општината во врска со спречувањето на новинарската екипа да влезе во јавна установа.

„Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите што работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество.

Насилството и спречувањето на новинарите да си ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура се наведува во реакцијата на новинарските здруженија.

Инциднетите во општина Чашка се зачестија откако граѓаните во оваао општина во неколку наврати протестираат против отворањето на паралелка на албански јазик во основното училиште.

Jumbo 2