Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ ја повлече кандидатурата на поранешниот државен обвинител Љубомир Јовески, да биде избран за судија во Уставен

/

Македонија

Сподели преку :

СДСМ ја повлече кандидатурата на поранешниот државен обвинител Љубомир Јовески, да биде избран за судија во Уставен. Со тоа беше исцрпен дневниот ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Јовески беше кандидат да биде еден од деветте судии кои го чинат Уставниот суд, откако им истече мандатите на неколкумина.

Пратеници од опозицијата побараа дискусија за ова, но седницата на Комисијата беше затворена.

Од ВМРО-ДПМНЕ потоа излегоа со реакција дека сето ова е „театар“, дека Јовески не им е потребен на СДСМ и ДУИ откако со години тој ги штител нивните криминали, за што најавуваат и ревизија и преиспитување на многу одлуки и решенија донесени во времето на првиот човек на Обвинителството.

Во меѓувреме, Уставен веќе подолго време работи во некомплетен состав. Постапката за избор на нови членови заглави во законодавниот дом.

Дебатата за Јовески траеше повеќе од две години. Тој во меѓувреме се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.

Jumbo 2