Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неколку закони со европско знаменце за малку ќе го „раситнеа“ владиниот кабинет – дали министерот Алиу ќе си замине поради коалициски блокади?!

/

Македонија

Сподели преку :

Пакет европски закони за малку ќе го „раситнеше“ владиниот кабинет, пред колективните оставки и преодот кон техничка Влада. Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, размислувал да се повлече од позицијата поради коалициска блокада на законски решенија, на кои тој бил фокусиран во изминатите единаесет месеци.

Извори за Телма брифираа дека причина за Алиу да најави оставка е тоа што СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда и да го поминат пакетот европски закони, односно закони што се носат со европско знаме.

Станува збор законите за реформа на јавната администрација,  два за дигитализација како и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Премиерот Ковачевски денес одговори на прашање за најавената оставка на Алиу.

Сега зборував со министерот Алиу, пред да влезам во салата. Цела Влада ќе биде во оставка во четврток околу 10 часот наутро. Така што, нема потреба од министрите да поднесуваат каква било оставка бидејќи со оставката на претседателот на Владата, истата е во оставка. Во Собранието има пратеници коишто имаат различни мислења по однос на дел од овие закони. Се работи за групата на закони за реформа на јавната администрација, за работни односи и така натаму. Меѓутоа сметам дека министерот Алиу ќе има добра можност сето тоа да го презентира на парламентарната комисиска расправа и подоцна на парламентарната пленарна седница, изјави премиерот ковачевски.

Како што дознава Телма, на Алиу му се јавил лично премерот Ковачевски да го уверува дека законите ќе бидат закажани на собраниска седница во вторник на 30 јануари. Но, министерот Алиу барал тоа да се случи до крајот на работната недела, пред изборот на техничката влада.

За намерите на министерот за оставка се заинтересирале и од една странска амбасада на која Алиу отворено им се пожалил дека во СДСМ и ДУИ воопшто не се заинтересирани за евопската агенда на државата, туку само се кријат зад неа туркајќи ги личните интереси.

Откако медиумите ја објавија информацијата дека министерот размислува да ја напушти позицијата поради блокада на пакетот европски закони – на веб-страницата на Собранието експресно се појавија четири законски решенија на собраниската агенда. Станува збор за законот за административни службеници, Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација.

Но, меѓу нив не е и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој помина прво читање во Собранието, но повеќе месеци е заглавен пред Комисијата за европски прашања со која претседава пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми, кој не закажува седница на комисијата за овој Закон.

Ова законско решение кое има и европско знаменце треба да ја спречи енормната пиратерија на канали од регионот и други странски канали, со што се прави директна штета и на корисниците, но и на телевизиите и на кабелските оператори. Со носење на овој закон треба да се регулира и телевизискиот пазар според комерцијални принципи.

Ваквото законско решение треба да помогне во унапредување на правата на медиумските работници. Со законот за аудиовизуелни медиумски услуги треба да се регулира и правото за емитување кампањи од јавен интерес, особено од областа на здравствената заштита.

Петар Догов

 

Jumbo 2