Вести Временска прогноза

Утрото студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 24.1.2024

Во среда без промени. Продолжува стабилно и суво. Наутро студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -13 до -2°C, а максималната од 1 до 10°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-16 Берово, Битола, -13 Тетово, Прилеп, -12 Демир Капија, -11 Скопје-Петровец, Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица, Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор, Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран, 0 Попова Шапка.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

19 Маврови Анови, 15 Битола, Дебар, Попова Шапка, 12 Берово, Ѓуриште, 11 Крушево, 7 Тетово, Охрид, 6 Демир Капија, 2 Претор, Прилеп, Струмица, 1 Штип.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 6.0, Преспанско Езеро 3.0, Дојранско Езеро 5.0

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски следните три дена Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Дејан Дејан

(видео)Трагедија во Хрватска- тројца мртви потона едрилица по судир со катамаран

Дејан Дејан

(видео)Пожарникари и доброволци во борба со огнот меѓу штипските села Долани и Љуботен, каде гори шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе