Дојдоа на средба во Скопје на која им беше порачано од ЕУ и САД дека без поголема заедничка соработка и заеднички регионален пазар нема побрза интеграција во единствениот европски пазар, а со тоа и членство во ЕУ, а заминаа со откажување на заедничката прес-конференција, но секој одделно констатирајќи дека состанокот поминал одлично.
Сепак претходно, лидерите на Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, директно од генералниот директот на директоратот за проширување Герт Јан Копман, но и од помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот Џејмс O’Брајан слушнаа дека Планот за раст на Западниот Балкан е досега уникатен план кој треба да го забрза пристапувањето на секоја од земјите во Унијата.
Но им порачаа и дека треба да заборават на меѓусебните блокади.
O’Брајан на лидерите од регинот им порача дека Планот предвидува транспарентен план за тоа кој што ќе треба да исполни, а доколку испораката не стигне точно ќе се знае кој е за тоа виновен. И компан и Обрајан им на шесте земји им пораќаа дека ги чека многу работа.
Со порака, историјата и политката да бидат оставени за доброто на граѓаните од регионот стина и од премиерот на Албанија, Еди Рама.
Претседателот на Србија пак со свој коментар за условот во Планот за раст кој треба да го забрза интегрирањето на зекоја од змејите во ЕУ.
Инаку денеска пред лидерите од регионот беа презентирани детали од Планот за раст за поголема интеграција на регионалниот пазар за побрза интеграција на еднственито европски пазар, меѓу кои како клучни беа истакнати намалувањето на давачките за извоз, што би ги наналило трошоците за извов во висина од 500 милиони евра годишно, но и воспоставување на зелени ленти, кои само минатата година на превозниците од земјите од ЕУ им заштедиле време во чекање од 20 години.
Прениерот Ковачевски Планот за раст на ЕУ денска го оцени како најсериозна политичка потврда за земјите од регинот за нивната европска интеграција.
Инаку Планот з араст на Западниот Балкан кој Европската комисија го презентираше на 8 ноември, се уште не е усвоен од Европскиот Совет, за што како што информираше денеска Ковачевски би требало да се случи на следниот состанок на европските лидери.
Тамара Грнчароска
