Вести Македонија

Четиригодишно девојче од Струмица со гангренозни рани на дланките и стапалата донесено на Клиниката за детски болести во Скопје

Четиригодишно девојче од Струмица, во тешка здравствена состојба, премрзнато и со гангренозни рани на дланките и стапалата и со бројни рани и скршеници по телото било донесено во Клиниката за детски болести во Скопје.

Девојчето во Клиниката е донесено на 17-ти јануари, а мајката тврдела дека скршениците настанале по напад од куче кој се случил две седмици пред приемот во болницата.

Иако во моментов е во стабилна состојба, од клиниката велат дека за него се грижат повеќе специјалисти и дека сѐ уште е потребно интензивно лекување и следење на состојбата.

Веднаш по приемот во клиниката биле известени надлежните од МВР, социјалните служби и Јавниот обвинител од Струмица, кој повикал судски вештак.

Од СВР Струмица информираат дека детето на 17 јануари околу 1 часот по полноќ било донесено во Општата болница во Струмица, а потоа поради лошата здравствена состојба било префрлено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Информираат дека истрагата е во тек и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, пренесува Канал 5.

Минатата седмица на скопските клиники почина двегодишно девојче од Кичево, откако таму беше донесено со тешки телесни повреди и во коматозна состојба.

Мајката тогаш изјави дека детето се повредило при пад при детска игра, но по смртта на девојчето, Обвинителството против таткото покрена истрага за кривично дело убиство, по сомненија дека станувало збор за семејно насилство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе