Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вратата за Алијанса отворена, албанската опозиција го чека Таравари да одлучи

/

Македонија

Сподели преку :

Европскиот сојуз за промена кој го сочинуваат опозициските партии од албанскиот политички кампус „БЕСА“, „Алтернатива“ и „Демократско движење“ се уште е со подадена рака кон Алијанса за Албанците за коалицирање на претстојните парламентарни избори. Редовни контакти има но засега нема информација за евентуален договор.

На претседателските избори опозициската коалиција ќе излезе со свој кандидат. Европскиот сојуз останува на ставот дека доколку не се избере нивниот член во ДИК ќе го бојкотираат гласањето на Талат Џафери за премиер на техничката влада.

Иако уште минатиот месец тројцата лидери на партиите, Меџити, Касами и Гаши децидно најавија дека тоа е последен повик за Таравари да им се приклучи и да ја исполни волјата на неговите гласачи кои биле традиционално опозициски определени.

Од Европскиот сојуз соопштија дека очекуваат Абуш Демири кој е предлог за член во ДИК да биде избран што е можно побрзо и дека владејачкото мнозинство нема да се обиде да ги изигра. Доколку тоа не се случи, парламентарната група на Коалицијата која сочинува шест пратеници нема да гласа за изборот на Талат Џафери за премиер на техничката Влада.

На претседателските избори опозициската коалиција ќе оди со свој кандидат но како што велат оттаму се уште е рано да го соопштат неговото име.

Меџити, Касами и Гаши деновиве се во неофицијална посета во САД, а од коалицијата брифираа дека имаат средби со членови на Сенатот што е потврда за проевропската и проамериканската ориентација на Коалицијата.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2