Вести Македонија

Не успеа да ја освои претседателката фотелја, но освои осум светски врвови – Кедев вели сегашниот животен стил е некомпатибилен со политиката

Познатиот македонски кардиолог и алпинист,  Сашко Кедев, дојде во Битола и битолските  планинарите од Планинарскиот клуб „Пелистер“ ги поведе низ спирутуално патување по височините. Со нив ги сподели своите подвизи, авантури и патешествија, но и исклучително тешки и животозагрозувачки ситуации при освојувањето на највисоките, но и најтешки  врвови во светот.  Од 14 планини  над осум илјади метри , Кедев се искачи на осум. Пет  освои  во 2009, 2021 и 2022 година и на три лани.

-Генерално над 7600 или над 8000 м.нв се смета  зоната на смртта, тоа е територија во која што биолошки човечкиот организам не  е спремен да преживее затоа што има една третина помалку од кислород што го дишеме нормално. Кога сме таму ни се отвораат многу нови хоризонти. Но за жал тоа со зборови не може да се опише, тоа треба да се доживее, вели проф.др Сашко Кедев.

Во 2009 се искачи на највисокиот врв на планетата, Монт Еверест.  Потоа, поради интензивни професионални ангажмани,  немаше време за големи експедиции, па се посвети на освојување на  помали, но импресивни  врвови на Алпите, со што ја одржуваше неговата мотивација и кондиција. По 12 годишна пауза повторно го почувствува поривот да се врати во зоната на смртта.

-Многу е важно да се одржува телото и умот во една балансирана состојба и да се одржува во еден континуиран тренинг. Тоа е и во било која професија ако сакаат да успеете , треба 100 процентно да се внесете во сето тоа . Јас сум во тој филм на некој начин и го живеам тој животен стил на осознавање на нашето единство со природата, вели Кедев.

На изборите во 2004,  Кедев беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, кога во вториот круг беше поразен од противкандидатот Бранко Црвенковски. Сега категорично ја отфрла можноста за повторно политички да се активира

-Тоа беше една фаза од мојот живот кое ми е драго лично искуство, тоа  беше една  авантура. Но сегашниот животен стил што го практикувам  е некомпатибилен со политика, вели Кедев.

Сашко Кедев во 2004 не успеа да ја освои претседателката фотелја, но,  успеа да се искачи на 8 највисоки и најтешки планински врвови во светот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе