Вести Македонија Топ вести

Судски совет ја враќа судијката Ристеска во кривичен за да се изрече пресудата за „Ласкарци“ наредната недела

Утрово кажаа ДА за во Апелација, попладнево истите кои ја избраа ја вратија на старото работно место. Судијката Александра Ристеска од денеска се враќа во кривичниот суд за да учествува во носењето на пресудата за предметот „Ласкраци“ и одговорноста за смртта на 14-те патници.

Молчела таа дека има предмет од голема важноста кој што е пред крај, иззумил претседателот на кривичниот суд Иван Џолев да наведе во барањето до Судски совет дека Ристеска има пресуда за носење наредната недела, а членовите на советот виделе од медиумите.  Со 10 гласови ЗА, од денеска таа е времено вратена во кривичен.

Судски се екипираше вонредно. Дел од членовите беа на своите работни места, дел беа вклучени со интернет врска. Повикана беше и претседателката на Врховен Беса Адеми, имала работа, но Дамева ценеше дека изговорот е оправдан, но не знаеше зошто половина од членовите на советот ги немаше на работа иако истите тие синоќа со саати дискутираа за дисциплинската постапка за Беса Адеми, заради непојавување на закажаните седници на советот.

Но, затоа Ристеска доби укор од советот зошто ја премолчила пресудата за „Ласкарци“.

Оштетените, обвинетите и јавноста ќе чујат одлуката на 25 јануари за предмтот кој каска во судот повеќе од три години.

Но, каков ќе биде исходот тоа ќе го одлучи петчлениот Судечки совет во чиј состав е и Александра Ристеска, судијката од кривичен која доби унапредување во Апалеција за кривична материја откако изборот се одолговлечи, бидејќи нејзината колешка од кривичен Оља Ристова, судијата Лазар Нанев и други од триесетината судии кои не беа избрани, а дел од нив имаа и подобри рангирања од избраните обжалија до Врховниот суд.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе