Општина „Ѓорче Петров“ ја демантира Данела Арсовска за обвинувањата за нелегално депонирање отпад кај Лепенец.
„Ја разбираме потребата и жедта за политички пресметки и кавги на градоначалничката Данела Арсовска, и намерата преку тоа да дојде до израз, бидејќи со работа и проекти тешко, но мораме да потенцираме дека и оваа нејзина помпезна прес конференција е промашена. Општина Ѓорче Петров никогаш не депонирала отпад нелегално на посочената локација, ниту создавала диви депонии. Напротив Oпштината го чисти таквото ѓубре“, велат од општината.
Оттаму ја повикуваат градоначалничката Арсовска дека може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад.
„Големиот помпезен случај на Арсовска, се решава за 5 минути и еден телефонски разговор со нејзиниот директор на ова јавно претпријатие. Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес конференции“, велат од Општина „Ѓорче Петров“.