Кошарка Спорт

Светот на кошарката обвиен во црно: Почина Дејан Милојевиќ на само 46 години

Српскиот тренер Дејан Милојевиќ почина денеска на само 46-годишна возраст како последица на срцев удар.

Младиот стратег, кој беше дел од стручниот штаб на НБА-тимот Голден Стејт вчера доживеал срцев удар додека бил на вечера во ресторан во Солт Лејк Сити. Веднаш бил хоспитализиран во болница, но неговото срце не издржало.

НБА-лигата уште пред неколку часа објави дека го одложува натпреварот помеѓу Јута и Голден Стејт што требаше да се игра вечерва.

Милојевиќ во својата кошаркарска кариера играше за Беовук, ФМП, Будуќност, во два наврати за Партизан, а беше дел и од Валенсија и Галатасарај.

Тренерската кариера ја започна Мега Баскет, каде седеше на клупата цели осум години од 2012 до 2020. Потоа кратко беше во Будуќност, а од 2021 беше дел од стручниот тим на Голден Стејт вориорс во НБА-лигата како еден од помошниците на тренерот Стив Кер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЕК бара натпреварот со Алкалоид да биде презакажан

Дејан Дејан

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Дејан Дејан

Милевски одбра 27 фудбалери меѓу кои и еден дебитант за Белгија и Казахстан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе