Вести Македонија Најважни

Фирми од кумановско – липковскиот регион со лажни фактури сакале да ќарат 2,6 милиони евра од буџетот

Три нафтени компании од кумановско- липковскиот регион со фиктивни фактури сакале по основ на поврат на ДДВ да испумпаат од буџетот над 2, 6 милиони евра. Управата за јавни приходи објави детали за шемата на овие правни лица, преку која се обиделе да нанесат штета на државната каса, која ја полнат и граѓаните и фирмите.  УЈП  утврдила и дека направиле и затајување на данок на личен доход во износ од над 300 илјади евра. Сите биле регистрирани како трговци со нафта и нафтени деривати, а за тоа немале лиценца, бензиски пумпи, ниту пак складишта за чување,  само лажни фактури дека купувале нафта и нафтени деривати. Кога започнала  истрагата ја промениле и сопственичката структура. Кај првата компанија потоа како сопственик и управител се јавува државјанка од Хрватска, а кај другите две државјанин од Косово.

-Кај првиот и третиот даночен обврзник  првиот  сопственик  и управител пред промената и пред да  се назначи нов управител било исто лице  кое во 2023 година го променило  и презимето од семејни причини, а овластен сметководител на двете правни лица е едно исто правно лице, изјави  директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Од УЈП сите докази од проверките  ги  доставиле и до истражните органи. Од Управата уверуваат дека поради навремената реакција, спречен е финансиски удар врз државниот буџет.

–  УЈП има доставено писмена пријава до МВР и ОЈО на 15. 11. 2023,  а исто и до Управата за финансиска полиција доставено писмена пријава и известување со прилог докази на ден 01.12 . 2023 година. Нема штета на буџетот, заради навремена интервенција, додаде Лукаревска 

И добавувачите биле контактирани од страна на УЈП. Биле прашани дали знаат дека постојат фиктивни фактури на кои стои нивното име и лого, но според објаснувањата од страна на инспекторите на ова прашање тие само се насмевнале. Проверките на правните лица УЈП почнала да ги прави  уште во 2020 година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе