Срамота е Лукаревска, како директор на УЈП, а воедно и заменик претседател на СДС за наводен успех да прикажува тоа што и признава на јавноста дека е сторен милионски криминал, преку УЈП, и таа не можела да го спречи, велат од ВМРО – ДПМНЕ и бараат да каже и која е поврзаноста на тие фирми со СДС и ДУИ и дали има лица кои се блиски до тие партии?
Според опозицијата буџетот е оштетен, граѓаните се оштетени, а Лукаревска тврди дека нешто открила. УЈП требало да ги провери милионските фактури, кои биле фиктивни, а врз основа на кои исплаќала милиони на фирми кои немале никаков имот.