Водоснабдувањето е прекинато на булеварот ,,Илинден” кај Владата на Република Северна Македонија. Новонастанатата ситуација е резултат на уличен дефект на водоводна цефка Ф300мм.
Од ЈП ,, Водовод и канализација” за Телма велат дека нивните екипи се уште се на терен и работат на случајот.
,,Екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје се уште се на терен со потребната механизација и ресурси и истите ќе останат се до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.
Внимателно се работи имајќи ја предвид целата подземна инфраструктура на улицата. Не може да се предвиди времето на завршување на активностите, но се работи на нивно завршување во најбрз временски рок.” – велат од препријатието.
Дополнително, заради временските услови повикани се и екипи на зимската служба на Град Скопје, со цел одржување на безбедноста на коловозот заради замрзнување.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.