Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот.

Jumbo 2