Вести Македонија

Кривичниот совет треба да донесе одлука за жалбата на Обвинителството за неизрекувањето на притвор за Беким Незири и другите осомничени кои упаднаа во контролата на летање

Кривичниот совет во скопскиот Кривичен суд треба да донесе одлука за жалбата на Обвинителството за неизрекувањето на притвор за функционерот на ДУИ и советник во М-НАВ, Беким Незири и другите осомничени кои упаднаа во контролата на летање и добија мерки на претпазливост.

Судот или ќе ја прифати жалбата на Обвинителството што значи дека осомничените кои се достапни на органите за прогон ќе одат во Шутка или ќе остане на првичната одлука само да им бидат одземени пасошите, да се јавуваат во суд и да им биде забрането да комуницираат со оштетениот контролор на летање.

Пред да започне седницата, адвокатот на Незири, Еленко Миланов рече дека не е точно оти инцидентот се случил во контролната кула на летање.

  • „Целата фама околу овој настан започна со една дезинфомација која постојано се повторува и на таа дезинформација се засноваат сите досегашни изјави и коментари како на стручната, така и на нестручната јавност, а тоа е дека што било се случило во контролната кула. Во овој настан ниту има нешто што се случило во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула ниту, пак, со лице коешто во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи оваа фама и разногласие“, изјави адвокатот на Незири денеска од пред Кривичниот суд.

Незири се појави на суд, а според Миланов, тоа покажува дека тој нема намера да бега.

  • „Беким се јави во рок од половина час на поканата од полициската станица, ги даде сите свои наводи кои имаше потреба да ги даде, еве и денеска се појави пред Судот што јасно кажува дека ниту мисли да бега, туку сака да го докаже она што реално се случило во коешто тој нема апсолутно никаков придонес“, изјави Изјава Еленко Миланов, адвокат на Незири.

Во образложениот на одлуката за изрекување превентивни мерки Судот наведе дека од Обвинителството не била доставена медицинска документација за наводно предизвиканите повреди и немало записник за примање на кривична пријава од оштетениот контролор но и дека немало доказ дека била нарушена безбедноста на воздушниот сообраќај.

Обвинителството го гони Незири и уште три лица за кривично дело нарушување на безбедноста на воздушниот сообраќај по член 303  став 2 од кривичниот законик , дело за кое е предвидена минимална затворска казна од пет години. Четворица осомничени се во бегство.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе