Вести Македонија

Османи: Коп не ги критикувал, туку барал помош од ДУИ?!

Функционерите од власта ја релативизираат критиката од холандскиот амбасадор, кој отиде во Мала Речица за в лице да му каже на Али Ахмети дека политичкото влијание врз судството е неприфатливо и дека „посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена од постојаниот пад во владеењето на правото“.

Бујар Османи ја оцени средбата како „срдечна“, а Коп според него, не дошол да ги критикува ДУИ, туку да побара помош од нив.

Османи вели и дека, со Коп имаат разлики во концепти, особено за тврдењето на амбасадорот дека Македонија може и без ЕУ да ги направи реформите во владеењето на правото. Тој смета обратно – дека сме премногу мали за сами да успееме во тоа без преговорите со ЕУ и дека холандскиот пристап може да се толкува и како комплимент но и злонамерно, дека Холандија е позната по немање на расположение за проширување.

Премиерот одби да ги коментира дел од критиките.

За опозицијата, пораката на холанскиот амбасадот е потврда на нивните укажувања.

Во својата објава на фејсбук, холандскиот амбасадор вчера беше уште поконкретен,  оценувајќи дека е  неприфатливо и несоодветно политичко влијание врз претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми и дека тоа ќе предизвика силна реакција од Холандија, што беше протолкувано како директна порака да престанат   политичките игри, таа да се тргне од функцијата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе