Вести Македонија Топ вести

Почина двегодишно девојче од Кичево – полицијата го уапси таткото кој се сомничи дека ја претепал

Двегодишно девојче од Кичево, по 22-дневна борба за живот, им подлегна на тешките телесни повреди за кои се сомничи нејзиниот 30-годишен татко Ф.Д. кој е лишен од слобода во текот на вчерашниот ден.

Тој се сомничи дека на 18 декември, во семејниот дом во Кичево, ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка која била пренесена за болничка помош во болницата во Кичево, а потоа во Клинички центар во Скопје каде на 8 јануари починала.

Против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе