Вести Македонија Топ вести

Има централни потерници: Обвинителството за четворицата недостапни насилници по упадот во М-НАВ

Откако судот неколкупати потенцира дека нема никакви предлози за четворицата избегани по упадот во М-НАВ, од обвинителството, на прашање на Телма, одговорија дека се преземени сите мерки во рамка на истрагата и според важечките прописи.

„По лицата во моментов се трага врз основа на централен распис. Пред да биде распишана меѓународна потерница потребно е да бидат преземени сите мерки на национално ниво за пронаоѓање на лицата на територија на РСМ. Доколку не бидат пронајдени, МВР за тоа треба да го извести обвинителството. Потоа според меѓународните конвенции за екстрадиција најпрво судија на претходна постапка треба да определи мерка притвор во отсуство за лицата кои не се достапни на органите на прогонот, по што обвинителството може да побара да биде распишана меѓународна потерница“, ја објаснија од обвинителството во одговор за Телма, правната процедура за недостапни осомничени.

Обвинителството осомничи осум насилници од групата на Беким Незири, функционер на ДУИ и советник на директорот на М-НАВ, за кривично дело по член 303, став 2, за дело „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“. Судот не им определи притвор на четворицата приведени, меѓу кои и Незири, иако се осомничени за дело за кое минимална казна е пет години затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе