Вести Македонија Топ вести

Се очекуваат министри и дополнителни заменици министри за техничката влада – вечерва седници на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет. Засега нема официјална најава за тоа дали од овие седници ќе произлезат заклучоци за тоа кој ќе бидат министрите и дополнителните заменици министри од партијата во техничката влада која треба да се формира најдоцна на 28 јануари.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски по литургијата на Божик, најави дека на 11 јануари на седници на овие тела на партијата ќе се разговара за имињата на кандидатите за министри и заменици-министри за техничката влада, но не кажа дали тие вечерва ќе бидат соопштени.

Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката Влада, но Мицкоски ќе им предложи на сопартијците да донесат одлука во Собранието пратениците да се воздржат од гласање за Талат Џафери за премиер на преодната Влада.

Најавената средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и Мицкоски се уште не е реализирана, барем за јавноста, а последните информации беа дека партиите комунициираат на ниво на потпретседатели. Вчера премиерот Ковачевски рече дека ќе има средба, но не кажа кога.

СДСМ веќе ги соопшти нивните министри и дополнителни министри во техничката влада, се знае и дека премиер ќе биде претседателот на Собранието Талат Џафери и дека на негово место ќе биде Јован Митрески.

Формалната постапка за подготовка и формирање на техничката влада, според соопштението од последната координативна средба кај Џафери, е најавен за 22 јануари, а треба да финишира со изборот на преодната Влада на 28 јануари. Оваа Влада според нашето законодавство се формира сто дена пред изборите, а мандатот и истекува со формирањето на новата Влада, некаде до средината на јули.

Парламентарните избори ќе бидат закажани за 8 мај, а две недели претходно ќе се одржат претседателските избори. Партиите се уште ги немаат соопштено претседателските кандидати, наведувајќи дека се уште се прават анализи и се предлагаат кандидати од базата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе