Вести Македонија Топ вести

Топ Тема: Прелиминарниот извештај од интерна истрага во М-НАВ веќе е доставен до Агенцијата за Цивилна и воздушна пловидба

Истрагата на истражните органи е една страна, од друга се Агенцијата за Цивилна и воздушна пловидба, но, она што мора М-НАВ да го спроведе е интерна истрага.

„Правилникот беше донесен преку ноќ веројатно намерата беше да се користи во друга насока. По мои сознанија интерна истрага е започната, побарани се изјави од раководителот кој го пријавил случајот во полиција“, рече во вечерашната Топ Тема, Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ.

М-НАВ е должен да спроведе интерна истрага и извештајот да го достави на Агенцијата за Цивилна и воздушна пловидба. Прелиминарниот извештај веќе е доставен, рече во Јовица Јовановски во телефонски разговор за Телма.

Но, Комитетот за безбедност на М-НАВ не се состанал, бидејќи се разрешени извршните директори, кои во исто време се и членови на Комитетот за безбедност на М-НАВ.

Идната недела Надзорниот одбор ќе ги именува двајцата директори со што ќе се исполнат условите за да се одржи состанок на Комитетот за безбедност на М-НАВ, велат изворите на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе