Вести Македонија

Министерство за одбрана: Ревизијата е извршена во 2023 година и се однесува на 2022 година

Министерката за одбрана уште на 30 септември 2022 година од Државниот завод за ревизија побара да се изврши ревизија во Министерството за одбрана заради зголемување на транспарентноста, отчетноста во користењето на јавните средства и во одговорноста во извршувањето на законските надлежности, токму за да се согледа ситуацијата и да се утврдат евентуалните неусогласености за да се преземат соодветни мерки.

Ревизијата е извршена во 2023 година и се однесува на 2022 година, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Ревизијата нема констатирано финансиски злоупотреби при спроведување на тендерските процедури и договорите за јавни набавки. За констатираните пропусти во тендерската процедура (а се работи за само 2 тендери од целокупното работење) веќе се преземени корективни мерки за усогласување на понатамошното работење.

За одреден дел од забелешките околу сметководствената евиденција причините се во неажурноста на други институции кои се надвор од контрола на Министерството за одбрана (Биро за судско вештачење).

Деталниот приказ на состојбите во ревизорскиот извештај ќе помогне да се надминат сите забележани недоследности. Сите сектори во Министерството се веќе задолжени да направат анализа на наодите во Извештајот и да понудат решенија. Меѓу другото апсолутно сме согласни со забелешката наведена како системска слабост, а тоа е недонесувањето на Закон за вработените во Министерството за одбрана чија цел е постигнување на усогласеност во управувањето со човечките ресурси и работните процеси во одбраната со стандардите на земјите членки на НАТО. Ова исклучително важно законско решение се наоѓа во собраниска процедура и се надеваме на негово што побрзо усвојување од страна на пратениците.

Наодите на Државната ревизија се совпаѓаат со заложбите на Министерката Петровска за што поефикасно воочување на неусогласеностите во работењето и нивна корекција за да се надминат пропустите кои се провлекувале од минатото, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Набавените средства по 1999 година не се евидентирани во финансиската евиденција – ревизорите со неповолно мислење за МО

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе