Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Се корне вратата на пасошко во Скопје каде се подигнуваат нови лични документи, огромни редови и турканици во објектот

/

Македонија

Сподели преку :

(слика преземно од инстаграм профил на vidivaka)

Веб платформата vidivaka објави видео од објектот во МТВ, во Управниот оддел на МВР каде се предаваат готовите лични документи.

На видеото се гледа како се корне вратата, а има и турканица и врисоци на луѓе кои се во огромниот ред граѓани кои чекаат за нови документи. Поснаодливите успеваат да ги прескокнат другите во редот и да го „прелажат“. Луѓето незадоволни негодуваат, а нема никој да го одржува редот во просторот.

Хаосот трае подолг период, а на крај на видеото се гледа како искршената врата се затвора.

Во продолжение видеото на vidivaka.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Види Вака (@vidivaka)

Полицијата потврди дека имало инцидент за што е осомничен 50-годишен граѓанин.

-Денеска во 13.35 часот во објектот на Одделот за управни работи во зградата на МРТВ е констатирано нарушување на јавниот ред и мир од А.А. (50) и сочинет е Записник за констатиран прекршок, одговори МВР.

Наместо до февруари, замена на личните документи до есен – властите најавуваат продолжување на рокот

Претседателот Пендаровски јавно предложи Владата да го пролонгира рокот за замена на личните документи до септември или октомври, наместо до февруари. Ова следи откако јавноста со недели е сведок на редици и хаос пред пунктовите за замена на документите. „Нема смисла хаосот да продолжи, а ќе ја известиме и Грција дека немаме намера да бегаме… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2