„Денес во ниту еден сегмент личноста на Кочо Рацин не е компатибилна со идеологијата и праксата на денешниот неолиберализам и македонобугарски ревизионизам. „Белите мугри“ се прогласуваат за „цвеќе за злото“ и нешто што врши „отровно штетно и неприфатливо влијание врз нашата колективна психа““, истакна меѓудругото историчарот Александар Литовски во вечерашната Топ Тема на Телма.
Како што рече тој, „наследниците на бугароегзархиската кауза во Македонија, ниту сакаат, ниту можат да му простат на Рацин за неговите класно-социјални мотиви, ниту за неговите стихови на македонски јазик, ниту за неговата борба за посебна македонска национална култура и нација“.
Според Литовски тоа секако од македонски национални позиции би требало да се осуди и да се спречи.

Црвениот поет е телевизиска серија за животот и делото на Коста Рацин, еден од великаните на нашата поезија од дваесеттиот век, еден од најреволуционерните патриоти и еден од најромантичните уметници што ги дала нашата земја. Коста Солев Рацин, извонредно талентиран млад поет кој се осмелува да пишува и објавува своја поезија на македонски јазик и… Продолжи со читање













