Вести Македонија Топ вести

Академија за судии и обвинители: Управниот одбор ги разгледува сите можности за спроведувањето на квалификацискиот тест согласно закон

Дали кандидатите за идни судии и обвинители од 9-тата генерација ќе полагаат квалификационен тест за влез  во академијата во хартиена форма иако законот е пропишал  полагање по електоронски пат.

Оваа дилема се наметна откако владата на седница на 26 ти декември со заклучок ги задолжува сите институции мегу кои и Академијата, кои имаат потреба од  електронски испити да ги спроведат во хартена форма, со електронски читач.

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители имал седница на која го разгледувле овој заклучок на Владата но конкретна одлука или решение не произлегува од  соопштението кое попладнево беше објавено на веб страната на Академијата

Академија за судии и јавни обвинители: Во моментов, Управниот одбор ги разгледува сите можности за спроведувањето на квалификацискиот тест согласно закон. Со цел добивање навремени и точни информации, продолжете да ја следите нашата веб страница, како единствено средство за информирање во однос на понатамошниот тек на Приемниот испит.

Академијата бареше од Владата итно и интервенто решение за да продолжи приемниот испит откако претходниот договор истекол а новата јавна набавка за софтвер за полгање испит бил е уште во рана фаза- подготовка на тендерска документациј но прелдогот

За одлуката на Управниот одбор Телма постави  прашања на електорнската пошта на Академијата но таму одговор не добивме.

Претседателот на Управниот одбор Беким Мехмеди кој и претседател на Апелацискиот суд во Гостивар  во телефонски разговор во текот на денот ни најави дека одговорите ќе ги добиеме од службите на Академијата .

Телма дознава дека на минатонеделната седница, дел од членовите на управниот одбор биле децидни дека не треба да се постапи по заклучокот на Владата а се дискутирало за други можни решенија мегу кои и законски измени. Законот за академијата за судии и јавни обивнители беше донесен летоска.

Одоговори не добивме ниту од владата -зошто прелдожле решение кое може да биде оспорено како незакнско, ниту од Министерството за информатичко општество надлежно за спроведување на тендерот. Од таму одговор ни најавија за утре.

Eлена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред пратениците предлогот за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Руски ракетен напад ги подигна борбените авиони во Полска

Дејан Дејан

Третата Конференција на ОН за океаните во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе