Вести Македонија

Обезбеден грант од над 760.000 евра за подготовка на техничка студија за поставување на пловечки фотоволтаични постројки во акумулациите

Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната владина седница ја прифати Информацијата за обезбедени грант средства за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување.

Станува збор за грант средства во рамки на Европскиот план за закрепнување, трансформација и отпорност, поддржани од Министерството за индустрија, трговија и туризам на Шпанија, во вредност од 765.158,00 евра.

Реализацијата на активностите предвидени со грант средства е поделена во неколку фаза. Првата фаза предвидува идентификување на локации за поставување на пловечки фотоволтаични постројки. Потоа втората фаза опфаќа развој на концептен дизајн и физибилити студија, а третата фаза предвидува подготовка на предлог проекти за поставување на пловечки фотоволтаични постројки.

Употребата на ваквата технологија Пловечки фотоволтаици се користи во неколку земји од Европа, како на пример Шпанија и Белгија, а изведените пловечки соларни постројки се главно искористени во  Секторот за наводнување и управувани од соодветните организации за наводнување, што му овозможува на земјоделскиот сектор да биде независен и поодржлив.

Преку овој проект, како министерство, дополнително вложуваме во развој и модернизација на системот за наводнување на земјоделското земјиште, директно помагајќи го производството на секој еден земјоделец.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе