Вести Македонија

Работникот кој почина во свињарска фарма во Амзабегово немал респираторна заштита, утврди инспекторатот за труд

По трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која почина 45 годишен работник, а неговиот колега на возраст од 53 години се бори за живот, според првичните информации починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува салата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од салата, кон дупката, каде и починал. Неговиот колега притрчал да му помогне, но бил повлечен од страна на други колеги. Тој е на Клиниката за токсикологија и според првичните наоди има оштетување на мозокот, но колкави ќе се знаат по компјутерската томографија.

Државниот трудов инспекторат има извршено увид и се чека во текот на утрешниот ден да се комплетира и презентира на јавноста. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата  починатиот работник немал респираторна заштита.

Томовска посочува дека по утврдување и разгледување на документацијата ДИТ ќе излезе и ќе го презентира случајот на јавноста. Од каков гас починал работникот О.Т., а неговиот колега С.Ј. се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обудкцијата на починатиот работник. Пријавта во СВР-Штип е во 11.01 часот, а несреќата се случила околу 10:30 часот во свињарска фарма во Амзабегово.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе