Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судски Совет по упадот во МНАВ и одлуките на Кривичен суд: Судовите се независни, ја следиме нивната работа

/

Македонија

Сподели преку :

По настаните во МНАВ кога 8-члена група предводена од функционерот на ДУИ, Беким Незири упадна во Кулата на контролата на летање и судската одлука да не определи притвор поради сомнежи за кривично дело за кое минимална казна е 5 години затвор, по што следуваа многу гласни реакции и критики, се огласи и Судскиот Совет.

Без многу детали ги наведе само уставните позиции на судството и улогата на Судскиот совет за надзор врз работата на судовите.

-Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите, соопштија од Судскиот Совет.

За да го оправда недавањето притвор, Кривичен суд го „искасапи“ законскиот став за групата на Беким Незири која упадна во контролата на летање

За да ги оправда одлуките да не им определи притвор на 4-цата кои не избегаа по упадот во кулата за летање, Кривичниот суд направил своја верзија на членот 303 став 2 по кој се гони групата предвидена од функционерот на ДУИ, Беким Незири. Судот во своето соопштение си го скратил членот и го извадил најбитниот… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2