Вести Македонија

Штипјанец веќе 16 години дарува со намирници неколку семејствата кои не можат достоинствено да ги празнуваат божиќните празници

Осумдесет и две годишниот Александар Трајковски веќе 16 година по ред не ги заборава семејствата на кои им е потребна помош за да достоинствено ги поминат Божиќните празници.

Шеснаесета година во чест на својата почината сопруга по ред од својот буџет издвојува по сто евра, за да на шест семејства им подари намирници за Бадниковата вечер, но и за Божиќ. Тој не го дели луѓето по верската определба, за него е важно да се помогне.

Инфлацијата ги намали намирниците за семејствата, но тој смета ако и останатите го следат неговиот пример, ниту едно семејство или граѓанин нема да остане без празна трпеза за Бадник и Божиќ.

Соња Мемедова и Олгица Иванова велат дека пакетите се доволни за нивните семејства достоинствено да ги дочекаат празниците. Трајковски традиционално  донира и на македонски и на ромски семејства.

Волонтерите од Црвен крст му помагаат да се поделат пакетите за празниците, а чичко Ацо  порача само здравјето да го чува и ваквата донација ќе ја продолжи и во наредните години.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Дејан Дејан

УЈП го презема Претседателството на Iota: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации

Дејан Дејан

Франција под рекордни температури, прогласена е црвена тревога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе