Вести Македонија Најважни

Православните христијани го слават денес Рождеството Христово

Христос се роди!
Вистина се роди!

Со овие зборови православните христијани го слават денес Рождеството Христово Божиќ. Здравје, мир и единствo се желбите на граѓаните и оваа година.

-Божиќ е еден од најубавите христијански празници кој со радост го очекуваме и се радуваме. Сакаме да има среќа, мир во сите семејства, благосостојба.

 

-Нека владее мир во светот мир пред се, да има само здрави луѓе да нема болест. Сите да се среќни, весели и насмеани. Тоа би посакала за оваа година.

 

Во сите храмови на Македонската православна црква се одржаа божиќни литургии.Во Божиќното послание од името на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод кое го пренесе отец Сашко Николовски беше забележано дека и денес гледаме страшни поделби во светот. Се чини дека човештвото никогаш не било толку поделено и спротивставено.

Братоубиствените војни леат реки од невина крв, која не е различна од онаа на витлеемските младенци. Поделби гледаме и внатре во Црквата. Православието никогаш не доживеало толкава подвоеност и внатрешно неединство. За жал, поделбите на различни основи не ја одминуваат ниту нашата македонска земја. А духовното и национално единство ни е попотребно од било кога, за да можеме како Црква и како народ да опстоиме и да зачуваме сѐ што е наше македонско. Па се поставува прашањето: што можеме да направиме тука ние како Црква? Можеме да го направиме токму тоа за што сме повикани – да се обединиме и да се обединуваме, онака како што некогаш се обединија луѓето и ангелите пред Витлеемската пештера, порача отец Сашко Николовски.

Честитки по повод големиот христијански празник до граѓаните упатија голем број политичари кои им посакаа здравје, среќа , благосостојба, солидарност и взаемна почит.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе