Вести Македонија Најважни

Беким Незири од ДУИ упаѓал со насилничката тајфа, НАТО авиони слетувале, ама директорот и ДУИ мислат дека било „пријателско кошкање“

Два НАТО транспортни авиони за дестинација за слетување го имале Скопје додека во кулата за на контролата на летање се слушуваше упадот и насилната драма водена од функционер на ДУИ. Ова за Телма го потврдија и официјални извори, со потврда дека и воените авиони на НАТО, и цивилните воздухоплови безбедно слетале на аеродромот.

Дипломати се интересирале инцидентот и упадот воден од Беким Незири од ДУИ затоа што државата како земја членка на НАТО се грижи за безбедност и на летовите на воздухоплови на Алијансата, објави sdk.mk.

Во моментите на инцидентот во М-НАВ, повеќе авиони биле на врска со контролата на летање на скопскиот аеродром покажува снимката од веб сајтот Флајт радар, на кој се регистрирани и авионите на НАТО.

Во ниту еден момент не беше загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај, но раководството на МНав ќе мора да одговара и да си замине бидејќи не ги решиле проблемите во оваа витална институција, ни одговори министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Случувањата во М-НАВ особено невозможноста да се воспостави ред и работна дисциплина во институцијата како и немањето соодветен дијалог меѓу работодавците и синдикатот очигледно предизвикаа бранувања и во јавноста и меѓу институциите. Претседателот на владата вчера со консултација со мене како минситерка за одбрана и со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  донесе одлука дека на следната седница, на седницата во вторник ќе предложи разрешување на директорите и Управниот одбор на М-НАВ, рече за Телма, Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

Петровска е дел од владината тројка заедно со премиерот Ковачевски и Бочварски која стои зад иницијативата за разрешување на Управниот одбор на чело со директорот Фахрудин Хамиди. Хамиди, речиси со ист речник како и ДУИ се обиде да го минимизира сериозниот инцидент, како цитирам „кошкање“ меѓу двајца стари познаници иако во групата за упад имало 8 други луѓе. Петровска посочи дека инцидентот не треба да се употребува за политички и за партиски интереси.

-Тоа е заради тоа што сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и со безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено ги повикуваме и политичките партии и политичките движења во нашата држава да не ги користат и да не ги злоупотребуваат ниту случувањата ниту вработувањата ниту вработените во оваа институција за остварување на својата лична агенда. Она што е најважно за граѓаните и за јавноста е дека авио-сообраќајот во Република Северна Македонија е безбеден и се одвива согласно правилата на ЕУРОКОНТРОЛ, изјави министерката за одбрана.

Седницата на владата за разрешување на директорската тројка во чиј мандат на обебзедување на небото на Македонија се случи упадот на партискиот функционер на ДУИ треба да се одржи во вторник, по Божик.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Водата во Крушево повторно безбедна за пиење

Kristina Kuzmanovski

Пожарот во Франција сѐ уште под закана од повторно разгорување

Kristina Kuzmanovski

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе