Вести Македонија Најважни

Финансиската полиција ќе го чешла М-НАВ, раководството на компанијата ќе чека Владата да ги разреши  

Финансиската полиција во вторник влегува во М-НАВ за да го испитува работењето во државната компанија, дознава Телма. Ќе се чешла документацијата за финансиското работење, посебен акцент ќе биде ставен на процесот на вработувања во компанијата во изминатите неколку години, како и јавните набавки.

Според информациите на Телма ќе се испитува и финансиското работење на синдикалната организација во М-НАВ.

Раководството на М-НАВ нема да поднесе оставки и ќе ја чека седницата на Влада на која ќе бидат разрешени, а инцидентот и упадот во зградата на Контролата за летање на скопскиот аеродром го оквалификуваа како несогласување меѓу двајца колеги.

Вонреден надзор на тим од Агенцијата за цивилно воздухопловство во М-НАВ утрово покажа дека безбедноста на објектот била нарушена. Претседателот на Синдикатот на контролата за летање пак на разговор во делегацијата на ЕУ и со поддршка од колегите контролори од регионот и Европа.

Извршниот директор на македонски навигации Фахрудин Хамиди, придружуван од вториот директор Хасим Дехари, со контра обвинувања на сметка на лидерот на синдикатот за ширење демагогии и лукративни побуди.

Според Хамиди упадот на седум лица во зградата на скопскиот аеродром, со помош на службеното обезбедување, било само за да се решат несогласувања меѓу неговиот советник и партиски функционер Бесим Незири и контролор на летање. Контакт со него немал по инцидентот.

Според МВР упадот во заградата на контролата на летање се случил во 15.15 часот а апликацијата „Флајтрадар“ покажува дека во тој период на македонското небо имало неколку авиони во прелет, еден кој бил во приод кон скопскиот аеродром и еден кој требало да полета кон Турција.

Тим од Агенцијата за цивилно воздухопловство утрово изврши вонреден надзор во Контролата за летање во кој е утврдено дека безбедноста на воздушниот сообраќај не била загрозена, но затоа била загрозена безбедноста на објектот на скопскиот аеродром.

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање беше повикан на разговор во Делегацијата на ЕУ каде кажa дека добил целосна поддршка. Поддршка пристигнала и од колегите од држави во регионот и Европската унија.

Ставот на Синдикатот останува непроменет, смена на раководството во М-НАВ до 10 јануари, или штрајк и блокада на воздушниот сообраќај.

Владата вчера соопшти дека на седницата која ќе се одржи следниот вторник на 9 јануари ќе го разреши раководството на државната компанија македонски навигации и ги повика надлежните институции како трудовиот инспекторат, финансиската полиција и обвинителството да ги испита наводите на синдикатот кои беа објавени во изминатиот период

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе