Вести Македонија

ТЕЛМА дознава: НАТО авиони безбедно слетале вчера кога бандата на функционерот на ДУИ упадна во Кулата на контролата за летање

Официјални извори ја потврдија информацијат на Телма дека во текот на вчерашниот ден имало и две слетувања на НАТО воздухоплови на аеродромот во Скопје.

Вчера во кулата на летање на скопскиот аеродром, упадна групата на Беким Незири, советник на директорот на МНав и претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, која нападна контролор на летање.

Меѓу повеќе цивилни летови кон и од аеродромот имало и два лета на транспортни авиони на НАТО. Тие безбедно слетале на аеродромот како и сите други воздухоплови бидејќи не била нарушена безбедноста на авио-сообраќајот иако цел ден таму имаше драма која кулминираше со упад на непознати луѓе и насилство врз вработени.

Државата како земја членка на НАТО има годишен договор со Алијансата за користење на аеродромите од страна на воздухоплови на НАТО. Во текот на вчерашниот упад, два авиони со НАТО ознаки по тој договор слетале на пистата во Петровец безбедно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарникарите – доброволци на терен, без дневници и пари за опрема и возила

Дејан Дејан

Предложени мерки за претпазливост за тепачите на малолетник во Чаир

Дејан Дејан

На Барутана ќе се градат приватни домови ама помалку од претходниот ДУП – велат од Општина Центар по обвинувањата од „Шанса за Центар“

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе