Вести Македонија Најважни

Хамиди не дава оставка – Се случи кошкање како во секоја фирма

Македонска навигација М – НАВ како давател на услуги во воздухопловството гарантира дека безбедноста ниту била, ниту ќе биде загрозена, рече денеска на прес-конференција претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди.

Прес-конференцијата се одржува по вчерашниот инцидент во Македонска навигација (М-НАВ), каде што неколку лица упаднаа во институцијата и нападнаа вработен и откако Струковиот синдикат на контролори на летање најави дека во знак на поддршка на нивните синдикални активности, 20 до 30 контролори на летање и нивни помошници ќе се повлечат од раководните позиции во М-НАВ и работните проекти.

„Се случил немил настан, тоа било мало кошкање. Кошкање има во секоја фирма”, кажа тој и додаде дека вработените биле замаени.

Хамиди рече дека претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски постапува од негови лични мотиви и интереси и како што рече, „не не остава да си ја вршиме работата и оти репутацијата на компанијата е доведена во прашање поради лажни клевети“.

За жал, имаме лукративни и лични интереси и нека му е на чест. Тој кажува за непотизам и за партиски вработувања само заради дефокусирање на јавноста. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, тогаш беше примен и тој, истовремено и брат му работи како контролор, рече Хамиди.

Тие што ги исполниле условите на конкурсот за кој реагираше Синдикатот, според Хамиди, се примени, а некои заради неуреден стаус не се. Отворени се, како што рече, за сите можни постапки од институциите, Антикоруциската, Финансиската полиција.

Хамиди рече дека е подготвен да даде оставка, но како што посочи, Владата веќе најавила деа ќе го разреши раководството.

По вчерашниот инцидент во М-НАВ, Владата најави разрешување на раководството и ревизија во оваа институцијата, а Струковиот синдикат на контролори на летање генерален штрајк доколку директорите не поднесат оставки или не бидат разрешени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе