Вести Македонија

Тасевски на средба во Делегацијата на ЕУ, за случувањата во М-НАВ известена Светската организација на контролори на летање и меѓународни организации

Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски денеска беше повикан во Делегацијата на Европската унија во Скопје по последните случувања во М-НАВ.

Тасевски во изјава за медиумите дадена по средбата рече дека Делегацијата на ЕУ и амбасадите ревносно ги следат сите случувања и дека биле запознати со целата ситуација.

Тие беа премногу запознати со целата ситуација, ги разбраа нашите барања за професионализам. Дефинтивно имавме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме и ние да функционираме. Ни дадоа поддршка за сите дејствија што ни стојат на располагање. Жално е што ова одекна насекаде, рече Тасевски.

Посочи дека се известени сите синдикати од Европа со кои соработуваат и дека во знак на поддршка се организира посета на нивни претставници на земјава. Известена е Светската органзиација на контролори на летање и меѓународни организации.

Ова веќе ги поминува гранциите од нашата држава бидејќи очигледно е дека ако останеме во рамки на нашата држава, не ја добиваме потребната поддршка во однос на она што треба да се направи за да бидеме професионална контрола на летање, рече Тасевски.

Ги повтори следните чекори на синдикатот и најави дека доколку не се испочитуваат, од 10 јануари ќе биде затворен воздушниот простор над државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе