Вести Македонија

Спречен шверц на марихуана и огнено оружје од албанска на македонска територија

Албанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Северна Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција.

Финализирана е полициската акција под шифра „Таксист“ во која е уапсено лицето М.М.(51) откако при контрола на возилото со кое вршело такси превоз се откриени 8,2 килограми марихуана и автоматско огнено оружје „Скорпион“ со муниција. Истите беа спакувана во две вреќи и ставени во патнички торби. Возилото е запрено во близина на Поградец а крајната дестинација на заплента била Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Се додава дека акцијата е дел мерките изготвени во рамки на оперативниот план „Владеење на правото“, за спречување, откривање и сузбивање на граничниот криминал.

Ова не е прв обид за шверц на марихуана од албанска на македонска триторија, од овој дел на Албанија, но најчесто нарко-шверцерите тоа се обидуваат да го направат со чамци преку Охридското Езеро.

Неодамна полицијата од Поградец запленети околу 30 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана со рибарски чамец, а на сопственикот за транспорт на дрогата требало да му платат по 500 евра по килограм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе