Вести Македонија

ФОТО: Али Ахмети го прослави роденденот со братот Фекри (татко на Дрин Ахмети) додека траеше драмата со упадот во МНав воден од функционер на ДУИ

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, го прослави својот 65-ти роденден, а доби многу честитки и од своите сопартијци.

Неговиот брат Фекри Ахмети (татко на Дрин Ахмети) на социјалните мрежи ја објави оваа фотографија каде тој со братот Али и уште двајца луѓе седат пред новогодишната елка во домот во Зајас, со капи за веселбa на главата и со честитка ” стари со векови”.

Најмногу внимание предизвика честитката на Артан Груби кој пушти старо “распеано” видео на Ахмети снимено во работни простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (каде министер е токму Груби).

Но, за разлика пд овие позитивни честитки, негативна роденденска испрати функционерот на ДУИ кој на роденденот на својот партиски лидер водеше група насилници која што упадна во Контролата на летање на скопскиот аеродром.

Беким Незири бил во полициска станица- Детали за инцидентот во кулата на контролата на летање, сопруг на вработена во М-Нав тепал, функционер на ДУИ ги пуштил насилниците

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе