Откако функционерите на ДУИ и СДС, наидоа на отпор од вработените во М-НАВ, поради вработување на партиски и некфалификувани кадри, со наместени огласи за вработување, прејдоа на притисоци и насилие, само за насила да ги внесат нивните партиски луѓе, кои наумиле да ги вгнездат во оваа институција, каде има најголеми плати во државата, се вели во денешната реакција на ВМРО – ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се вели дека до насилството дошло откако не успеал притисокот врз првиот човек на синдикатот, кој претходно беше викнат на разговор во МВР, под образложение за наводни закани кон директорот на М-НАВ.
-Притоа кога виде власта дека овој притисок, само уште толку ги обедини вработените во оваа институција, каде со оставки се заканија околу 30 вработени, почнаа со нова темна операција, со вклучување на партиски војници и директни физички напади. За каква власт говориме, кога може партиска војска, слободно да влезе, во една од најзаштитената институција во Македонија и да изврши физички напади врз контролори за летање, само поради тоа што, застанале во одбрана на своите права и во одбрана на институцијата во која професионално работат, прашуваат од партијата на Мицкоски.
Од таму додаваат и дека овие закани и напади врз вработените и предизвикан страв, не е нарушување на јавниот ред и мир, туку типично кривично дело насилство и треба веднаш да реагира Јавното Обвинителство. По овој скандал, додаваат, до сега требаше да има барем неколку оставки, од директорот на М-НАВ, до министерот Бочварски, па се до безгласниот премиер. Но очигледно е, велат, тоа дека нема да се случи.