Откако насилници заедно со партискиот функционер на ДУИ Незири упаднаа во кулата на контролата на летање, реакција од владата која по иницијатива на премиерот Ковачевски ќе ги разрешува директорите кои донесоа хаос во безбедноста на авио-сопбраќајот поради што во кулата на аеродромот беа нападнати тројца контролори на летање.
Еве го соопштението:
Ве информираме дека на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:
1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,
2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
Воедно, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај.