Вести Македонија Топ вести

Поранешната директорка на ДЗСИ, Бухова, со остра реакција по предлог-заклучоците за нејзината политичка одговорност на Анкетната за онкологија

Ирина Сотирова Бухова со реакција до јавноста по предлог-заклучоците за нејзината политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија.

  • ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и  законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции, пишува поранешната директорка на ДЗСИ, Бухова.

Според неа, предлог-заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам.

  • Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, вели Бухова.

Инаку вчера заклучоците кои требаше да ги донесе собраниската Анкетна комисија за случајот со Клиниката за онкологија се претвори во бојно поле меѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателската на комисијата Рашела Мизрахи во заклучоците наведе дека политичката одговорност за случајот на Онкологија носат поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на клиниката Нино Васев и Нехат Нухи, на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети и поранешната дректорка на здравствениот инспекторат Ирина Бухова.

Ова за СДСМ е неприфатливо. Обвинија дека Мизрахи ја злоупотебила комисијата и побараа нејзина оставка.

Наместо заеднички заклучоци, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на дијаметрално спротивни страни за случајот Онкологија

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

Дејан Дејан

Дел од роднините на средба со обвинителите по одговори за истрагата

Дејан Дејан

Втора интерпелација за Тошковски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе