Вести Македонија Топ вести

Заев очекува да се види со Борисов, разговорите продолжуваат

Премиерот Зоран Заев очекува разговор во четири очи со бугарскиот премиер Бојко Борисов, за самите да се обидат да го решат проблемот со Бугарија, која вели не кажува каде Северна Македонија го прекршува Договорот за добрососедство.

Во интервју за ТВ 21, тој вели дека доколку би знаеле каде е прекршен договорот, тоа прашање би се отворило и би можело да се реши.  Потврди дека се уште продолжуваат разговорите со бугарската страна, и смета дека добиената втора шанаса од советот на министри во ЕУ мора да се искористи. Апелираше до македонскиот народ да се воздржи и да издржи, бидејќи друга алтернатива освен ЕУ немаме.

„Бугарија најмногу од сите соседи  како и пријатели од целиот Западен Балкан сакаше Република Северна Македонија да влезе во ЕУ“, рече премиерот Бојко Борисов за време на денешниот состанок на владата. Премиерот потсети дека Бугарија ја поддржа Република Северна Македонија за нејзино членство во НАТО.

„Бевме исклучително добронамерни, загрижени и во разговорите што ги водевме со нив, многу внимателно им објаснивме до каде можат да одат нашите компромиси“, рече Борисов, потсетувајќи дека е формирана заедничка историска комисија за решавање на спорните прашања со прецизни аргументи. Борисов исто така рече дека биле водени десетици разговори, вклучително и со учество на вицепремиерите Захариева и Каракачанов, во потрага по компромиси, за да Бугарија не би земја што ќе каже „не“ за реалниот почеток на преговорите сега.

Премиерот Бојко Борисов изрази жалење што не сме покажале посветеност во Скопје, сметајќи дека со притисок и лобирање може да се натера Бугарија да ја смени својата позиција.

„Подготвени сме да ги продолжиме разговорите“, додаде Борисов, нагласувајќи го спроведувањето на Договорот за соседство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе