Вести Македонија Топ вести

Телма репортажа од Пустец: Со пасошите за спас од сиромаштијата, Бугарија ја засилува асимилацијата на Македонците во Албанија

По влезот во Албанија на граничниот премин кај Стење,  се нижат македонските села  во Општина Пустец: Туминец,  Горна и Долна Горица, Глобочани, Пустец, Зрновско.

Македонското население овде со години им пркоси  на обидите за асимилација од Бугарија, но сега, соочени со сиромаштија и безработица,  младите  ги напуштаат родните огништа со бугарски пасоши.

„Македонските села во Општина Пустец се повеќе се празнат, младите заминуваат со бугарски пасоши, а на патиштата  можат да се забележат автомобили со бугарски регистарски таблички. Бугарија ја интензивира асимилацијата на Македонците во Албанија“.

Во селата останаа  повеќето старци,  кои велат дека нивните деца земаат бугарски пасоши само од егзистенционални причини.

„Ние немаме бугарски пасоши. Младите зедоа бугарски пасоши  и си заминаа, нема повеќе кој да земе“ вели Кита Митревска, од Глобочани.

Други кои  добиле стипендии за  школување во Бугарија, заминаа и веќе не се вратија дома.

„Зедоа бугарски пасоши таму се школуваа, завршија училиште, вели Петре Малевски, од Глобочани.

Бугарски пасоши, стипендии, донации, се само дел од  асимилацијата која сега добива и  институционална рамка, со тоа што Бугарија бара оние што се декларираат како Бугари,  да имаат  потврда  од локалната власт. Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, вели дека досега оваа општина не издала таков документ.

„Од нашата Општина таква потврда не е дадена. Тоа треба да го реши политиката. Народот си знае од каде е потеклото, мислам нема простор за згриженост, вели Пали Колефски, градоначалник на Пустец.

Но, дека овие бугарски активности  не се наивни, тврди  Васил Стерјовски од единствената партија на Македонците во Албанија.

Вели дека бугарската антимакедонска кампања се води со сите средства,  а дел од овие активности тврди дека е и  обидот да бидат елиминирани нивните  кандидатски листи за советници во Општина Пустец пред локалните избори закажани за мај.

„На јавната седница на Комсијата за поплаки во  Државната изборна комисија, посочив дека главен аргумент за оваа саботажа е тоа што најголем интерес има Бугарија ние како Македонска алијанса да не излеземе и да не ги застапуваме Македонците и дека лицата кои директно работата за пробугарска пропаганда се виновни за оваа работа. Државна изборна комисија пресуди во наша корист, затоа што законот е на наша страна“ вели Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ

Неодамна при посетата на Македонија, албанската министерка за надворешни рабати Ољта Џачка, рече дека има повремени  обиди за асимилација на македонското насление од страна на Бугарија за што се во координација со македонската Влада.

Шефот на македонската  дипломатија, Бујар Османи кажа дека во МНР е формирана работна група која на дневна основа ја следи  состојбата  со македонското малцинство во Албанија.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Суспендирана директорката на ССКМ поради сомнеж за фалсификат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе