Обвинителството во кантонот Вале соопшти дека е отворена кривична истрага против сопствениците на барот „Le constellation“, Жак и Џесика Морети.
-Потврдувам дека синоќа, на крајот од денот, е покрената кривична истрага против двајцата менаџери. Оваа кривична истрага ќе овозможи, во соработка со сите засегнати страни, да се подвлечат и истражат сите траги. Како што постојано наведував, ниту една трага или сомнеж нема да се занемарат. Сите можности се истражуваат и со отварањето на истрагата, ќе ни овозможи да продолжиме да делуваме според законот за кривична постапка, изјави Беатрис Пилу, обвинителката на кантонот Вале.
Брачната двојка Морети се осомничени за убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.
View this post on Instagram
Во трагичниот пожар настрадаа и загина 40 главно млади гости на барот на осомничените. Повредени се 119 луѓе, а некои од нив многу тешко и се префрлени низ повеќе европски држави. Во трагедијата загина и 16-годишниот македонски државјанин Стивен Ивановски.
Пожарот избувна на новогодишна прослава од прскалка која го запали акустичниот сунѓер на плафонот по што десетици млади посетители не успеаја да избегаат од подземниот дел на барот низ тесните скали.
Миомир Серафиновиќ
