Вести Македонија Најважни

Предистрага за УЈП и други институции за пожарот во Пулс, суспендирани инспекторите 

Предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични дела води обвинителството во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Ова денеска го изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски по сторијата на ИРЛ дека инспектори од УЈП ги предупредувале газдите на дискотеката за можни контроли во замена за подароци.

Според него, во моментот на подигање на обвинението за нив немало докази, но тоа не значи дека е завршена постапката за случајот.

„Сите овие пораки се испратени до одбраната и до судот, а ги имаше и МВР. Меѓутоа тоа се многу малку пораки во однос на она што обвинителството располага во моментов. Таму има уште десетина инкриминаирани дејствија. Постапката воопшто не ниту затворена, не само на УЈП туку и за други некои институции“, вели Коцевски.

Од УЈП, пак, соопштија дека инспекторите се суспендирани, бидејќи нивното однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во институцијата.

„Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата и донесе Решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните“, соопшти УЈП.

На прашањето дали инспекторите на УЈП, меѓу кои еден е и брат на в.д претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, се дел од предистрагата Коцевски одговори дека тоа може да се насети.

Додека пак дали ќе се суди непристрасно, Коцевски ги упати новинарите на одговор во судот. За постапката за полициските службеници што се води во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Коцевски инфомираше дека на неа работи само еден обвинител, бидејќи немаат доволно кадар. Најави дека постапката ќе заврши во скоро време.

Од УЈП соопштија дека преземаат мерки за обезбедување на релевантни докази поврзани со објавените наводи за инспекторите.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе