Вести Македонија Најважни

Има ли криминална зделка меѓу СДСМ и ДУИ за тендерите на АД ЕСМ?

На еден ден по забраната на Владата, АД ЕСМ да не спроведува тендери за ископ на јаглен и помошна механизација во рок од шест месеци, акционерското друштво избрало понуда токму за оваа намена. КОД во последната емисија откри дека на владината седница на барање на министри од ДУИ на 28 декември во интерес на рационализација на трошоците АД ЕСМ се донела ваква одлука, а потоа истата се укинала на 22 јануари по инсистирање на министри од СДСМ.

На електронскиот систем за јавни набавки во делот на најнови одлуки стои дека АД ЕСМ на 29 декември ја донела одлуката за избор на најповолната понуда од страна на битолската фирма Марковски Компани. На тендерот вреден рекорди 46 милиони евра, како што објави КОД, се избрала најскапата понуда и покрај тоа што на него учествувале три фирми. Иако критериум за доделување на договор бил токму спротивното, односно најниска цена. Договорот бил потпишан по укинувањето на забраната на 13 февруари.

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини за криминал договорен меѓу СДСМ и ДУИ.

„Па сакам да прашам дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен. Затоа што во следниот период се очекува да се распише тендер за фантастични 100 милиони евра за увоз на јаглен. Значи дали дилот е крадењето во РЕК Битола за СДСМ на заминување, а крадењето од увоз на јаглен за ДУИ на заминување“, изјави Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

КОД објави и дека Марковски Компани за реализација на ископот ангажира и три подизведувачи. Две од нив се струмички компании „Сим Инженеринг“ и „Јавор Транс“. Третата е компанијата „Топлина“ од охридското село Подмоље. На струмичките фирми газдите се исти. Симеон и Горан Крстеви. Друга фирма Сара Јавор Инжинеринг која е деловно неактивна ги поврзува Крстеви со Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев.

И Крстеви и Вице Заев во одреден момент биле сопственици на Сара Јавор Инжинеринг. Како последен сопственик до октомври лани е токму Вице Заев. Од ВМРО-ДПМНЕ прашаа и зошто директорите во РЕК Битола прво се противеле, а потоа се согласиле да го потпишат овој тендер.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе