Новогодишната прослава на скопскиот Плоштад не беше масовно посетена, но традицијата продолжи, а забавата ја подготвија македонските музичари кои се самоорганизираа за да го остават главниот град на мапата каде што има организиран дочек на Новата година.
Имаше посетители од повеќе градови во Македонија, а прославата ја посетија и повеќе странски туристи кои за Нова година се во Скопје.
Цело време имаше густа магла, па како што се гледа на фотографиите ниту спомениците не се гледаа додека ечеше народниот мелос по скопскиот Плоштад.


