Вулканот Етна повторно исфрла пепел, поради што до утре е затворен меѓународниот аеродром во Катанија.
Авиосообраќајот на Сицилија беше отежнат и поради синоќешното невреме што го погоди регионот.
Поради активноста на Етна аеродромот во Катанија и овој и минатиот месец беше затворен за авиосообраќај.
Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа.












