Александар Вучиќ, изјави дека ќе поднесе оставка во недела, на 27 септември, по враќањето од Њујорк, додавајќи дека бил претседател кој чувствувал огромна гордост и дека верно, лојално и чесно ѝ служел на својата земја.
-Не можете ни да замислите колку апсурдни ми изгледаа нивните обвинувања. Понекогаш ме болеа, а понекогаш ми беа смешни. Ќе видите – ако победат на изборите, на крајот ќе ме молат да не се кандидирам на идните избори, и одеднаш ќе сфатите дека немаат апсолутно ништо со што би се пофалиле. Бидејќи не сум украл ниту еден динар, ниту сум направил нешто против мојата земја, тогаш ќе видите колку е тешко да се управува со државата – и ќе видите колку повеќе проблеми се појавуваат и колку полоша станува состојбата, рече Вучиќ за Радио Белград 1.












