Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Русите ја нападнаа Академијата на науките во Киев, има мртви и повредени

/

Свет

Сподели преку :

Руските  воени  сили извршија насилен воздушен напад врз Киев, а една од главните цели беше зградата на Националната академија на науките на Украина.

Според првите информации објавени од украинскиот претседател Володимир Зеленски, во нападите загинале цивили, а на терен е во тек обемна спасувачка операција.


На социјакните мрежи има објавена снимка од уништената и запалена зграда на Академијата.

-Руски напад ја погоди зградата на Националната академија на науките на Украина. Во тек е спасувачка операција: екипите го гаснат пожарот и бараат луѓе кои можеби се заробени внатре. Сите служби се распоредени, рече Зеленски во објава на мрежата X.

Украинскиот претседател истакна дека зградата на Академијата не била единствената цел на денешните руски напади врз главниот град и другите региони.

–Денес, во Киев беа нападнати фармацевтска компанија и бензински пумпи; деловен центар во Днепар, а во други градови и региони беа нападнати цивилни објекти, компании и комуникациска инфраструктура. За жал, беа убиени луѓе. Изразувам сочувство до нивните семејства и најблиските, напиша украинскиот претседател.