Премииерот на Полска, Доналд Туск, за време на денешната расправа во долниот Дом на полскиот парламент, директно го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за глобалниот скок на цените на горивата.
„Имаме цени на горивата што се најниски во Европската Унија, впрочем најниски во моментот, без оглед на очигледниот факт дека за луѓето е ѓаволски скапо. Свесен сум за тоа. Мислам дека, конечно, е време да го кажеме тоа на глас. Да, Доналд е виновен за тоа, во тоа нема никакви сомнежи. Но, вашиот херој, а не премиерот на Полска. Добро знаете кој е огодоворен за цените на горивата“, рече Туск во обраќањето кон опозициската крајна десница која со години го поддржува Трамп.
Неговото отворено прозивање доаѓа во период на нов енергетски удар на светската економија, предизвикан од војната на САД со Иран. Американските воени операции во Ормускиот Теснец, стратешки најважна поморска рута на светот низ која минува петтина од глобалната потрошувачка на нафта, доведоа до застој во пловењето на танкери, драстично зголемување на цените на транспорт со бродови и големи нарушувања во редовното снабдување со сурова нафта.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, во пресрет на изборите за Конгресот, вината за поскапото гориво се обидува да ја префрли на Украина и нејзините удари на руските нафтени постројки, со што го оправдува своето контроверзно „замрзнување“ на санкциите за увоз на руски дизел.












